Нов патент на Xiaomi открива телефони со двострани и обвиткувачки дисплеи

Нов патент на компанијата Xiaomi неодамна е објавен од WIPO (World Intellectual Property Office) за два телефона. Холандскиот сајт LetsGoDigital креираше рендери како би можеле да изгледаат уредите прикажани во патентот.

Постојат два уреда во патентот, а двата се смартфони со двострани екрани, кои се обвиткуваат околу уредите во различни правци. Првиот патент ја покажува само едната страна на дисплејот, која се обвиткува околу уредот, додека вториот телефон има екран што се обвиткува во спротивен правец (преку горниот хоризонтален раб на телефонот). На задната страна од вториот модел се наоѓа punch-hole отвор за системот за две камери.

Интересно е дека ниеден од телефоните нема предна камера, но можно е дека скиците претставуваат воопштен приказ на форматот и деталите како што се копчиња и портови не се имплементирани.

Останува да се види дали опишаните решенија од патентите ќе се најдат и во комерцијални уреди за продажба.