„Автоваз“ го пушти во продажба обновениот џип Lada 4×4

Возилото има нова командна табла и клима, поудобни седишта и систем „Эра-ГЛОНАСС“

Фабриката „Автоваз“ почна со продажба на модернизираното теренско возило Lada 4×4 со обновен ентериер, се вели во соопштението на компанијата.

„LADA го најавува почетокот на продажбата на обновениот модел Lada 4×4. Теренското возило сега е уште покомфорно“, истакнува информативната служба на „Автоваз“.

Компанијата објасни дека верзиите Lada 4×4 со три и со пет врати на добија потполно нова командна табла, нова клима, поудобни седишта, систем „Эра-ГЛОНАСС“, подобрена изолација од звук и вибрации, како и низа други дизајнерски и технички подобрувања.

„За линијата Lada 4х4 се предвидени 10 варијации“, прецизираат од компанијата „Автоваз“.

Извор: Russia Beyond