Риба од околу 160 килограми била уловена на околу 180 метри длабочина.
Кон крајот на месец декември, минатата година, рибарите во Флорида уловиле голема риба, а биолозите велата дека станува збор за “импресивен улов“.
Се утврдило дека станува збор за еден од најстарите примероци на рибата Hyporthodus nigritus кој научниците го проучувале многу низ годините.
Рибата од речиси 160 килограми била уловена на околу 180 метри длабочина и се смета за еден многу редок улов, особено затоа што според проценката на експертите истата е стара околу 50 години.
„Добивање отолит од оваа риба беше исклучително вредно затоа што примерокот од оваа риба е доста стар и редок“ – напишале од Флоридскиот институт за риби и дивина на Фејсбук каде што била објавена фотографијата.
Иако од институтот биле возбудени околу овој улов, тие сепак не ги поддржуваат рибарите кои го ловат тој редок вид риба за која „Encyclopedia of Life“ наведуваат дека е критично загрозена.