Научници од САД и Швајцарија во метеор кој паднал на земјата во 60 години од минатиот век во Австралија, откриле зрно прашина старо околу 7,5 милијарди години.
Ова зрно прашина се формирало во ѕвездите кои се распрснале, по што бил создаден нашиот Сончев систем. Кога ѕвездата ќе умре, честиците внатре во неа, се распрскуваат низ вселената.
Овие пресоларни честички потоа се групирале во нови ѕвезди, планети, месечини и метеори. Професорот на Универзитет во Чикаго, Филип Хек вели дека тоа се цврсти честички од ѕвездата и вистинска ѕвездена прашина.
Very cool article about the pre-solar grains over 5 bn years old that have been found in a carbonaceous chondrite. Particularly pleased it was in Murchison which I got to study (and hold!) during my MSci projecthttps://t.co/G8zKGnI4nj
— Evie Baker (@evelyn_baker97) January 13, 2020
„Убеден сум дека има стари пре-соларни минерали во овој и другите метеори, само што сеуште ги немаме пронајдено“, изјавил Хек.
Се досега, најстариот материјал кој бил откриен, бил стар 5,5 милијарди години.
„Благодарение на овие честички, сега имаме директни докази за периодот на формирање на ѕвездите во нашата галаксија. Станува збор за период од пред седум милијарди години. Ова претставува едно од клучните откритија“, изјавил Хек.