Најверојатно смартфонот ви стои покрај креветот за да биде поблиску до вас кога ќе ви заѕвони алармот. Оваа лоша навика ви прави повеќе штета отколку корист.
Ова се некои од најчестите грешки што ги правите при користењето на паметниот телефон.
Спиете со него. Мобилниот телефон во основа е електромагнетен приемник. Иако не е докажано, истражувањата и понатаму покажуваат дека електромагнетните бранови можат да влијаат на вашиот мозок.
Во најмала рака, можат да ве разбудат известувањата кои пристигнуваат на вашиот телефон. Доколку не сакате целосно да го исклучите телефонот, ставете го на авионски режим.
Премногу сте изложени на сина светлина. Светлината на екранот на вашиот смартфон го потиснува мелатонинот, хормонот кој го регулира циклусот на спиење, што е уште една причина зошто не треба да го држите телефонот во близина додека спиете.
Сината светлина исто така предизвикува проблеми со очите и видот.
Контакт со кожата. Постојат неколку студии кои ја докажуваат врската помеѓу употребата на мобилниот телефон и ракот на кожата. Имено, сигналот на пренос изнесува околу 900 MHz, поради што вашиот телефон се загрева. Вашата кожа ја апсорбира топлината секогаш кога го држите мобилниот во близина на телото.
Користете слушалки додека разговарате за да не го допирате мобилниот.
Гледање во екранот е причина за лошото држење на телото. Честата употреба на смартфонот доведува до tenosynovitis (повреда на палецот).
Освен тоа, доведува до појава на состојбата наречена „текстуален врат“. Како што сугерира само име, кога ќе го свртите вратот нанапред за да погледнете во екранот, стресот на ‘рбетниот стол постепено се зголемува.
Ова предизвикува болка во вратот и неправилно држење на телото. Држете го телефонот пред очите, држејќи го вратот што е можно повеќе исправен.
Извор: Klix.ba