Иако повеќе од еден век температура од 37 Целзиусови степени се користеше како мерка за здравјето на луѓето, новите истражувања покажуваат дека денес нормалната просечна температура за здраво тело би можела да биде пониска.
„Нашата температура не е онаква каква што луѓето мислат дека е“, вели медицинскиот истражувач Џули Парсонет од Универзитетот „Стенфорд“ во САД. „Она што го научија сите возрасни дека нашата нормална температура е 37°C не е правилно“.
За да дозне што навистина се случува, Парсонет и нејзините колеги анализирале три групи податоци. Првата група вклучувала 23.710 ветерани од Американската граѓанска, чии телесни температури биле измерени помеѓу 1860 и 1940 година, пишува „Њу сајнт“.
Откриле дека температурите на оние што живееле кон крајот на 19 век се малку повисоки. На пример, мажите родени во 2000 години биле 0,59 Целзиусови степени поладни од оние родени во раните 1800 години, што претставува постојан пад од 0,03 Целзиусови степени од деценија. Исто така, и температурата кај жените се намалила 0,32 Целзиусови степени од 1890 години.
Ова значи дека просечната телесна температура денес е околу 36,6° C, а не 37° C.
„Најверојатно објаснување, според мое мислење, е дека ние сме поинакви во микробиолошка смисла од порано“, рече Парсонет. Денешните луѓе имаат помалку инфекции, благодарение на вакцините и антибиотиците, така што нашиот имунолошки систем е помалку активен, а нашите телесни ткива помалку воспалени.
Ако е тоа точно, температурата на телото треба да се намали и во други земји каде што здравјето на луѓето е подобрено.
Поврзани артикли