Вака би можел да изгледа Samsung Galaxy Z Flip (ВИДЕО+ФОТО)

Во текот на 2020. година се очекуваат интересни иновации на полето на паметните телефони. Кога се во прашање флексибилните смартфони, ќе го видиме враќањето на преклопниот (clamshell) формат со целосно свитливи дисплеи. По објавата на Motorola Razr моделот, знаеме дека Samsung го подготвува Galaxy Z Flip.

Сега сајтот LetsGoDigital креираше интересни рендери на претстојниот флексибилен телефон, кои се засновани на претходно протечени тизери и фотографии од уредот на Samsung. Повеќе фотографии се достапни во линкот на изворот.

Рендерите ни даваат многу добра идеја за тоа како би можел да изгледа уредот на преклоп на Samsung. Механизмот за преклоп, со шарка, изгледа многу слично како кај Galaxy Fold моделот. Од десната страна на уредот се наоѓа копче за вклучување, додека копчињата за звук се од десната страна. Постои и мал екстерен дисплеј покрај двете камери на задната страна и единствениот LED блиц.

Внатрешниот дисплеј има punch-hole со селфи камера, за која се верува дека ќе има 10MP сензор. Во овој момент, се сугерира дека телефонот ќе користи Snapdragon 855 чипсет и дека ќе користи еден вид на брзо полнење за двојниот систем на батерии. Една од овие батерии наводно има капацитет од 900mAh, додека капацитетот на втората не е познат.

Galaxy Z Flip би можел да биде првиот потрошувачки телефон со преклопен екран, со оглед на тоа дека останатите телефони користат материјал заснован на пластика за своите дисплеи. За самиот екран се верува дека може да се расклопи до 6,7 инчи.

Се очекува дека Galaxy Z Flip ќе биде претставен заедно со Samsung Galaxy S20 серијата, во текот на Unpacked настанот на јужнокорејската компанија, кој ќе се одржи на 11. февруари во Сан Франциско.