Lumi е паметен сензор на компанијата Pampers, кој се закачува на пелената на новороденчето и ви испраќа нотификации кога пелената ќе се наполни.

На веб-страницата на компанијата, Lumi е опишан како „прв на светот се-во-еден конектиран систем, кој се грижи родителите секој ден да го следат развојот на детеот преку сензорот и мониторот, за да успеат подобро да му направат рутина на своето дете“. Во пакетот доаѓа и HD камера со можност за гледање во темнина, а ја мери и температурата и влажноста. Сензорот и апликацијата ги обработуваат податоците и им ги испраќаат на родителите. Производот е веќе достапен за нарачување преку интернет.

Pampers го прикажа сензорот кој се користи и за следење на сонот на бебето на годинашниот CES во Лас Вегас.