Кина официјално го отвори најголемиот светски радио телескоп, кој ќе се користи за вселенски истражувања и потрага по вонземски облици на живот, извести новинската агенција Xinhua.
Петстотини метри широкиот сферен радио телескоп – FAST (Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope) зазема површина од 30 фудбалски игралишта, вовлечен е во планинскиот венец на југозападната провинција Guizhou. Во Кина го нарекуваат и „Небеско око“. Кинеската агенција Xinhua извести дека телескопот добил официјална државна дозвола за почеток на работата. Изградбата на телескопот е завршена уште во 2016. година и оттогаш се спроведувани тестови и отстранети недостатоците.
Главниот инженер на FAST, Јианг Пенг наведува дека пробните операции на телескопот досега биле доверливи и стабилни, а дека неговата осетливост е два и пол пати поголема од вториот најголем телескоп на светот. Во текот на пробната работа, кинеските научници дошле и до некои вредни научни податоци, од кои се очекува дека ќе доведат до голем напредок во областите како што се откривање на гравитациските бранови со ниска фреквенција и меѓуѕвездените молекували во следните три до пет години, наведува Sinhua.