CES 2020: Acer TravelMate P6 е исклучително тенок и издржлив лаптоп (ВИДЕО)

Acer претстави два нови лаптопи (TravelMate P2 i P6), од кои P6 моделот веројатно е еден од клучните производи прикажани на годинашниот саем CES 2020 во Лас Вегас. TravelMate P6 заинтересира голем број посетители, а причина за ова е што се работи за тенок, лесен и издржив лаптоп.

Кога се во прашање спецификациите, Acer TravelMate P6 користи Intel i7 процесор од осмата генерација, со NVIDIA MX250 графичка картичка. Можно е да се пронајдат и опции со послаби карактеристики за истиот модел. Лаптопот има опција за ротирање од 180 степени, преку поддршката за шарка.

Покрај наведеното, TravelMate P6 поддржува и отклучување преку препознавањето на лицето (face unlock) и има сензор за отпечаток од прст. Тука се и поддршките за eSIM, камера која е можно да се скрие, PCI SSD дискови и до 24 GB RAM.

Од приклучоците се присутни VGA, HDMI и USB Type-C / Thunderbolt 3 портови. Лаптопот е можно да се поврзе и на дисплеј кој нуди 8K резолуција.

Acer TravelMate P6 би требало да биде добра опција за корисниците кои сакаат лесен и издржлив лаптоп, а кој истовремено нуди и добри перформанси. Лаптопот ќе се најде во продажба од февруари, по цена од 1150 долари.