По успехот на претходните Blaxk Shark модели на Xiaomi, компанијата се подготвува за објава на нов модел, а овој пат тоа ќе биде биде Black Shark 3 5G. Телефонот е веќе сертификуван од MIIT, така што нема сомневање дека ќе биде објавен.
Меѓутоа, поддршката за 5G мрежата нема да биде единствената премиум карактеристика на овој телефон. Според најновите гласини, смартфонот би можел да биде и прв модел кој ќе користи 16 GB RAM меморија. За некои можеби ова же биде непотребно, но постојат и напредни корисници кои секогаш бараат повеќе работна меморија.
Доколку некој производител не го престигне Xiaomi во објава на телефон со 16 GB RAM, се очекува дека тоа ќе го имплементира токму Black Shark 3 5G. Засега, се уште не е познато кога уредот ќе биде објавен.
Поврзани артикли