Xiaomi Mi Band 4 е еден од најпродаваните фитнес тракери на пазарот, благодарение на агресивната цена и солидните функции, но и глобалната достапност. Ова е еден од причините за успехот на Xiaomi на пазарот на носечки уреди во текот на 2019. година, кој компанијата ќе сака да го пренесе и во 2020. година.
Се појавија информации кои даваат подобар увид во претстојниот Mi Band 5, а инсајдерските извори укажуваат на 1,2-инчен дисплеј, како и NFC поддршка за верзијата на нараквицата за глобалниот пазар.
Новиот носечки уред ќе овозможи и повеќе опции на плаќање, вклучувајќи и поддршка за Google Pay. Mi Band 4 ја поддржуваше само Mi Pay услугата на Xiaomi.
Гласините сугерираат дека почетната цена за Xiaomi Mi Band 5 ќе изнесува околу 25 долари (засновано на вредноста на кинескиот јуан), но ова ќе изнесува малку повеќе за верзијата наменета за интернационалните пазари. Филијалата на Xiaomi, Huami веќе објави дека ја почнала работата на Mi Band 5 уредот и официјалната објава би можела да следува во текот на јуни.
Поврзани артикли