Покрај тоа, новата алатка ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од следење на теми кои не ги интересираат.
– Планираме контролата врз политичките огласи да почне да функционира ова лето во САД, а таа можност понатаму ќе ја прошириме на повеќе локации, се наведува во соопштението.
Аналитичарите на социјалните мрежи ќе можат да пребаруваат огласи според конкретни фрази, на тој начин групирајќи ги сите слични компании, но и да ги филтрираат резултатите според големината на таргетираната публика или регионот.
Компанијата, сепак, не може да гарантира дека успешно ќе ги блокира сите непосакувани политички реклами, имајќи го предвид бројот на кампањи кои се спроведуваат на платформите на Фејсбук.
Фејсбук неодамна беше мета на остри критики, бидејќи, за разлика од конкурентскиот Твитер, одби да го забрани политичкото огласување на своите мрежи.
Поврзани артикли