Се појавија рендери од проѕирното куќиште/маска на LG G9, кои се поклопуваат со приказите кои претходно ги објави дојавувачот OnLeaks. Од друга страна, можно е да се работи и за LG V60 моделот, како што во меѓувреме сугерираше споменатиот дојавувач.
Постојат големи шанси LG G9 и V60 да делат ист или многу сличен дизајн, како што тоа беше случај со G8X и V50S, односно G8 и V50 модели од порано.
Рендерите на куќиштето потврдуваат дека на задната страна нема да има сензор на отпечаток од прст, а наместо тоа ќе користи in-display читач. На задната страна се видливи четири камери, но рендерите само ја откриваат позицијата на сензорот, а не и нивните карактеристики. Видливо е и постоење на 3,5 мм приклучок на дното, покрај USB-C портот.
Било да се работи за LG G9 моделот или V60 телефонот, двата уреда ќе бидат претставени кон крајот на февруари во рамките на MWC во Барселона.