Се појавија наводни рендери од Huawei P40 Pro телефонот во заштитно куќиште, кои ни даваат подобар увид во некои карактеристики на претстојниот уред.
Испакнувањето за камерата покажува пет сензори на камерата, што се поклопува со досегашните гласини. Сензорот на врвот би можел да биде перископ (P40 Pro би требало да има 10X оптички зум). Претходно протечените вести сугерираа дека стандардниот Huawei P40 ќе има систем со три камери.
Од предната страна, P40 Pro е исто така интересен. Тука се две punch-hole селфи камери. Кога е во прашање самиот екран, интересно е дека неговите рабови не се заоблени, како што тоа беше случај кај Horizon Display на Mate 30 Pro моделот. Отстрана се видливи и традиционалните хардверски копчиња.
Приметно е дека нема 3,5 милиметарски приклучок, кој веројатно е резервиран за стандардниот P40. Во горната страна на телефонот е сместен IR бластер.
Huawei P40 и P40 Pro ќе бидат претставени кон крајот на март во Париз, а се очекува дела ќе имаат Kirin 990 чипсет и веројатно ќе пристигнат без сервисите на Google.
Поврзани артикли