CES 2020: Новиот Bluetooth LE аудио стандард ветува подобар пренос на звук и музика

Пристигна најдоброто ажурирање на Bluetooth во последните 20 години, а станува збор за Bluetooth LE Audio.

Групата компании кои го стандардизираа Bluetooth го претстави Bluetooth LE Audio на годинашниот CES саем во Лас Вегас. „LE“ означува ниска потрошувачка на енергија, што претставува подобрување на досегашната Bluetooth технологија. LE Аudio нуди неколку нови функции, вклучувајќи подобар звук, можност за стриминг на звукот на повеќе уреди, како и подобрување на слушнита помагала. Новата технологија троши помалку и со самото тоа го продолжува траењето на батеријата “, пишува CNN.

Bluetooth LE работи на понов звучен сигнал, за разлика од класичната технологија. Новата верзија допушта „LE audio“ да имплементира нови функции на старата, вклучително и поддршка за MultiStream audio. Ова отвора можност повеќе луѓе да слушаат ист аудиозапис во исто време. Овозможува и Bluetooth емитирање, при што на местото на одржување, како што е трговски центар или концертна сала, може да им се пушта музика на сите посетители кои имаат слушалки. Многу е слична на опцијата за споделување музика, која Apple ја претстави минатата година.

Луѓето со слушни помагала, исто така, ќе ги добијат овие подобрувања веднаш штом сите уреди ќе поддржуваат LE audio. Новото аудио ќе овозможи развој на слушни помагала со Bluetooth, така што со новите предности ќе им се помогне на луѓето со оштетен слух.

 

Вашите стари слушалки не ја поддржуваат новата технологија. LE audio не може да биде ажуриран со софтвер. Потребни му се новите хардверски исправки, кои ќе бидат објавени во текот на оваа година.