Минатата година била најтопла година во Алјаска, според владиниот извештај за американската клима.
Просечната температура на Алјаска била 0,1 Целзиусови степени, што е за 14 степени над долгорочниот просек, според годишниот извештај на Националната агенција за океани и атмосфера.
Просечните температури во Алјаска се зголемуваат постојано во последните години, со рекордна топлина во четири од последните шест години.
Во Енкориџ, најголемиот град на Алјаска, температурата во јули првпат достигна 32,2 Целзиусови степени.
САД во изминатата деценија регистрираа временски непогоди и климатски катастрофи што предизвикаа штета од 119 милијарди американски долари – двојно повеќе од штетата од 59 милијарди во претходната деценија, се вели во тој извештај.