Првата британска астронаутка Хелен Шарман смета дека вонземјаните постојат и дека тие можеби се на планетата Земја.
Таа во разговор за “Observer” истакнала дека не постои сомнеж во постоење на вонземски живот и дека тие би можеле да бидат сочинети од потполно поинакви елементи од оние кои постојат околу нас.
“Тие можеби се на нашата планета, а ние не го знаеме тоа. Вонземјаните постојат, на милијарди ѕвезди во вселената мора да постојат голем број различни облици на живот”, вели Шарман.
Додала и дека смета дека тие можеби не се сочинети од јаглерод и азот, како што е случајот со луѓето, и многу е можно тие да се токму тука, но ние не ги гледаме.
56-годишната астронаутка влезе во историјата поради своето учество во мисијата на советската модуларна вселенска станица “Мир” во мај 1991 година.
“Не постои ништо поубаво од погледот кон Земјата од вселената. Никогаш нема да го заборавам моментот кога првпат го видов тоа. Кога полетавме и ја напуштивме атмосферата, одненадеж нè облеа светлина која допираше до прозорецот. Го прелетавме Тихиот океан, таа длабока сина вода ми го одзеде здивот”, се присетила Хелен.
Извор: Srbija Danas