Претстојниот флексибилен смартфон на Samsung, кој наводно би требало да го носи името Galaxy Fold 2 се повеќе се споменува во последните неколку дена. Неодамна се појавија и фотографии, кои телефонот го прикажуваат во „clamshell“ формат.
Сега сајтот MySmartPrice донесува некои ексклузивни информации, кои се однесуваат на карактеристиките на Galaxy Fold 2 моделот. Според нивните извори, претстојниот преклопен уред ќе користи Snapdragon 855 чипсет, а не Snapdragon 865, как0 што сите очекуваа. Покрај тоа, изворот Ishan Agarwal сугерира и дека телефонот ќе има 10MP камера од предната страна.
Вообичаено, развојот на флексибилен телефон трае подолго од она што е потребно за да се креира стандарден смартфон, но протечените фотографии покажуваат дека Galaxy Fold 2 е речиси подготвен за официјална објава. Тоа сугерира дека Samsung работи на уредот барем во последните шест месеци, односно од моментот кога Qualcomm Snapdragon 865 не бил ни најавен. Тоа значи дека Samsung го имал само Snapdragon 855 како избор на процесор кој би можел да го имплементира во Fold 2, а компанијата не сакаше накнадно да се префрли на Snapdragon 865.