Како што беше најавувано, официјално е претставен Realme X50 5G телефонот. И покрај големиот број протечени информации и тизери, X50 5G со себе донесува и неколку изненадувања.
Од предната страна, X50 5G има 6.57-инчен IPS LCD екран со освежување од 120Hz и двоен punch-hole отвор за селфи камери – стандардна од 16MP и ултраширока од 8MP.
Телефонот го покренува Snapdragon 765G чипсет со интегриран 5G модем. Корисниците имаат избор од 6GB, 8GB или 12GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање податоци.
На задната страна на уредот се наоѓа систем со четири камери, кои ги сочинуваат 64MP f/1.8 главен сензор, 12MP телефото, 8MP ултраширок и 1MP макро сензор.
Сето ова го напојува батерија со капацитет од 4200mAh, со поддршка за 30W VOOC 4.0 брзо полнење. Оперативниот систем е Color OS 7.0, кој доаѓа преку Android 10 софтвер.
Realme X50 5G од денеска ќе биде достапен во Кина, со почетна цена од околу 320 евра за 8GB + 128GB модел, околу 350 евра за 6GB + 256GB варијанта и околу 390 евра за најсилната 12GB + 256GB верзија.