Facebook, на крајот, сепак ја бира вистината, барем кога се работи за медиумските содржини, и ја продолжува борбата против deepfake и другите стратегии кои ги мамат корисниците.
Интересирањето на „deepfake“ феноменот се намали во последните неколку месеци, а најверојатно поради тоа што јавноста се помири со тоа дека AI и во иднина ќе се користи за креирање супер-реалистични, но сепак лажни. видео содржини и фотографии. Терминот „deepfake“ дојде од еден Reddit корисник, и тоа во декември 2017. година, кога некои славни личности со помош на оваа технологија беа сместени во порнографски сценарија. Иако на почетокот се однесуваше само на порно содржини, наскоро се прошири и на други области, и различните содржини биле обработувани со помош на машинското учење.
Facebook стана и против другите AI методи за измама, а како оние во рамките на кои се генерираат човечки лица кои изгледаат како вистински, но тоа не се. Така сите содржини со кои е манипулирано ќе бидат отстранети од платформата, со цел да се спречи корисниците да поверуваат дека некоја јавна ,личност изговорила нешто, или учествувала во настани кои никогаш не се случиле. Содржините кои ќе бидат означувани како лажни, или делумно лажни, нема да се појавуваат во news feed, и нема да биде можно за нив да се плати реклама, додека корисниците кои пробуваат да ги поделат ќе добиваат пораки на предупредување. Иднината дефинитивно пристигна, барем кога е во прашање манипулацијата.
Поврзани артикли