Астрономите, на сопствено изненадување, открија дека сите галаксии во вселената, без разлика на димензиите, ротираат со иста брзина и дека една ротација прават за милијарда години.
На Земјата, должината на денот се мери со ротацијата на планетата околу својата оска, а должината на годините со кружното движење околу Сонцето.
Она што е интересно, а досега не беше забележано, е тоа што за ѕвездите кои се наоѓаат на екстремни периферии од галаксиите, околу центарот на своите галаксии, „една година“ трае околу милијарда години на Земјата.
За нашето сонце, една ротација околу средината на нашата галаксија на Млечниот пат трае околу 225 до 250 милиони години, така што ротацијата не е иста за сите тела, а зависи од нивната оддалеченост од центарот.
Научникот кој го водел истражувањето, Герхард Меурер, вели дека ова откритие во врска со ротирањето на галаксиите е „прилично чудно“.
„Помислив дека тоа е прилично чудно. Мали и големи галаксии, сите ротираат за исто време“, изјави професорот Меурер од Меѓународниот центар за астрономски истражувања.
Научниците пронашле и докази за тоа дека постарите ѕвезди се наоѓаат и поблиску до рабовите на галаксиите, иако се очекуваше овде да се наоѓаат новоформирани ѕвезди и гас.
Според досегашните теории, галаксиите се развиваат во долг временски период и постепено се шират, при што постарите ѕвезди заземаат место поблиску до центарот на дискот.
Меурер вели дека ова ново откритие ќе им помогне на астрономите да сфатат дека галаксиите се завршуваат, и повеќе да не губат време и процесорска моќ на компјутерите на области надвор од нивните рабови.