Пред почетокот на CES 2020 саемот во Лас Вегас, Lenovo ја освежи својата премиум линија на ThinkPad X1 лаптопи. Компанијата претходно ги надгради ThinkPad X1 Carbon и X1 Yoga во август минатата година, така што овој пат нема драстични измени на дизајнот.
Како моделот од претходната генерација и новите лаптопи имаат најнови Ice Lake процесори од десеттата генерација и до 16GB RAM. Новитет е можноста за конфигурирање на двата лаптопа со до 2TB простор за складирање. Lenovo ги измени и тастатурите на двата модела, додавајќи функциски копчиња (овозможувајќи брзо стартување и прекинување на voice-over-IP повиците).
Веројатно најголем додаток претставува можноста на прилагодување на двата лаптопа со нови 1080p дисплеи и 500 нити осветлување, кои ги карактеризира и PrivacyGuard дисплеј опцијата на некои од своите поскапи ThinkPad модели. Lenovo претходно ја нудеше PrivacyGuard дисплеј опцијата на некои од своите поскапи ThinkPad модели, но ова е прв пат да се достапни на потрошувачките модели X1 Carbon и X1 Yoga.
Покрај наведеното, двата лаптопа се идентични на своиоте претходници. Lenovo повторно тврди работен век на батеријата од околу 18,5 часа за X1 Carbon и околу 15 часа за X1 Yoga. Лаптопите ќе бидат достапни во некој момент во текот на 2020. година, по почетни цени од 1499 долари за X1 Carbon и 1599 dolara за X1 Yoga.