Apple почна да гравира емотикони на AirPods футролата за слушалки

Apple креативците сега можат на своите AirPods футроли за слушалки за гравираат разни емотикони, и тоа бесплатно.

Американскиот технолошки гигант воведе можност за гравирање на футролата минатата година, но беше лимитирана само на текст. Меѓутоа, купувачите сега можат да бираат текст и лимитирана селекција на емотикони.

Покрај тоа, сами можете да ја персонализирате својата футрола, што е исклучително лесно. Едноставно при онлајн купувањето преку страницата на Apple кликнете на „Personalize it for free“ и следете ги понатамошните инструкции.

Сега се достапни 32 емотикони, а вклучуваат разни мотиви, од смајли, популарни гестови со рацете до животни. Покрај емотикони, и натаму можете да го изберете и текстот кој сакате да го изгравирате.

AirPods футролата сега чини 199 долари.