Американската вселенска агенција NASA објавила фотографија од орбитата која делува како да е од сцена од „Војна на ѕвездите“.
На неа се гледа полната месечина над “замрзнатиот свет“ – секако дека станува збор за планетата Земја која е прекриена со снежно бели, густи облаци, а фотографијата била направена додека Меѓународната вселенска агенција била над заливот Хадсон на североистокот од Канада.
„Оваа фотографија настанала во околу 13 часот по локално време, покажува малку сончева светлина од северна Канада во текот на зимските денови“ – навеле од NASA, додавајќи дека заливот Хадсон почнал да замрзнува уште од месец
Frozen Moonrise https://t.co/OwZALOQNhM #NASA
— NASA Earth (@NASAEarth) December 30, 2019
Кога еднаш ќе замрзне, заливот станува клучен дом за поларните мечки кои мигрираат и кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на мразот додека не почне да се топи во месец јуни.
Како што наведуваат од британски „Express“ во текот на месец декември овој дел од Канада прима помеѓу 6-7 часа сонце. На орбиталната станица, на висина од 402 километри, моментално живеат и работата шест астронаути.
Станицата се движи со брзина од 27.360 километри на час и прави круг околу Земјата на секои 90 минути, а на секои 24 часа по 16.
Извор: Blic.rs