Samsung во текот на 2020. година ќе има посилна понуда на лаптопи, а компанијата планира да ја прошири својата Galaxy Book линија со нови, поевтини модели. Galaxy Book Flex Alpha е тенок и лесен 13-инчен лаптоп со QLED екран и цена од 830 долари. Повисоки премиум модели се Galaxy Book Ion и Flex, со цени од 1100 и 1400 долари.
Galaxy Book Flex Alpha има тежина од 1,19 килограми, додека Galaxy Book Flex тежи 1,1 кг. Book Ion има почетна тежина од 0,9kg (1,1 кг za 15-инчниот модел). Дебелината на Alpha моделот изнесува 13,9 мм, додека дебелината на останатите два лаптопа изнесува 12,9 мм.
Како Flex и Ion моделите, Flex Alpha има сензор на отпечаток од прст во тастатурата, а го карактеризира и значителен број на портови. Тука се и два USB 3.0 приклучоци, еден USB-C слот, HDMI конектор и читач на microSD картички.
За да овозможи пониска продажна цена, Samsung мораше да направи и неколку компромиси на Flex Alpha моделот. Тука е помалата батерија од 54Whr (во споредба со 69.7Whr на другите два лаптопа). Графичкиот процесор е исто така лимитиран и ја користи Intel UHD опцијата. Исто така, максималниот простор на складирање е до 512 GB, а опциите на RAМ одат до 12 GB.
Galaxy Book Flex Alpha ima Intel Core процесори од десеттата генерација, WiFi 6 поддршка и стерео звучници. Samsung не даде специфичен датум на објава, а компанијата истакнува дека лаптопот се очекува во текот на првата половина на 2020. година.