На почетокот на минатата година се појавија информации дека LG би можел да престане да ја развива G-серијата телефони, но изгледа дека тие гласини беа измислени. Дојавувачот OnLeaks само што објави CAD-засновани рендери за LG G9. Дизајнот е сличен со G8X моделот, со тоа што G9 има двојно повеќе камери на задната страна.
LG G9 би требало да има четири камери, поставени хоризонтално. Од друга страна, исфрлен е сензорот за отпечатоци од прсти, кој од задната страна е преместен под дисплејот.
Екранот е необично рамен (поголем дел од компаниите се одлучува за заоблени рамки), а конкретните димензии на екранот не се познати. Изворите тврдат дека се очекува дисплеј помеѓу 6.7 и 6.9 инчи, со многу тенки рамки
Од предната страна се наоѓа една селфи камера, сместена во засек во облик на капка, со оглед на тоа дека LG се уште не го прифатил punch-hole трендот. Компанијата не одлучила да го отфрли ни 3,5-мм приклучок. Од останатите интересни елементи, тука е слотот за SIM картичка во врвот и Android Assistant копчето од десната страна на екранот.
LG G9 има димензии од 169,4 x 77,6 x 8,8 мм (9.4 мм со испакнување за камерата). G8 е претставен во текот на MWC минатата година, така што новиот модел, исто така, се очекува кон крајот на февруари.