Според последните информации, Xiaomi се подготвува за објава на два премиум Xiaomi Mi 10 уреди. Гласините сугерираат дека телефоните ќе бидат објавени заедно, за разлика од минатата година. Линијата ќе ја сочинуваат Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro, а се очекува дека би можеле да бидат претставени во текот на Mobile World Congress, кон крајот на февруари во Барселона.
Благодарение на неофицијалните канали, ги дознавме и можните детали за карактеристиките на телефоните. Xiaomi Mi 10 би требало да има OLED екран со големина од барем 6,5-инчи и со освежување од 90Hz. Mi 10 i Mi 10 Pro ќе користат Snapdragon 865 чипсет, а моделот без Pro во името пристигнува со 8GB и 12GB RAM, додека Pro моделот ќе има само варијанта од 12GB RAM.
Xiaomi Mi 10 веројатно ќе има систем со четири камери на задната страна, кој се состои од главен сензор од 108MP, како и помошни сензори од 20MP, 12MP и 5MP (веројатно ултра-широк, телефото и сензор за длабочина). Mi 10 ќе има батерија од 4500mAh со опција за полнење од 40W, безжично полнење од 30W и обратно безжично полнење од 10W.
Xiaomi Mi 10 Pro ќе има главна камера од 108MP, како и дополнителни сензори 48MP + 12MP + 8MP. Батеријата од 4500mAh ќе поддржува полнење на кабел од 60W и безжично брзо полнење од 40W.
На крај, има информации и за конфигурацијата за RAM/просторот за складирање и цените. Се сугерира дека Xiaomi Mi 10 ќе биде достапен во комбинациите 8 GB + 128 GB, 8GB + 256GB и 12GB + 256 GB, за RAM меморијата и складирањето. Xiaomi Mi 10 Pro, од друга страна, ќе биде достапен во варијанти од 12 GB + 128 GB, со цена од околу 550 долари, 12 GB + 256GB (околу 590 долари) и 12 GB + 512 GB (околу 650 долари).