Кинескиот производител на флексибилни екрани, Visionox е наводно избран како главен снабдувач на дисплеј панели за претстојните телефони на компанијата Huawei.
Според достапните информации, Visionox ќе обезбедува панели за претстојните Honor и Nova телефони, кои ќе бидат претставени во текот на 2020. година. Според плановите, Huawei првите примероци на дисплеј планови би требало да ги добие до февруари, а нивното масовно производство ќе почне во текот на март.
Во овој момент, производителот на дисплеи е способен за лимитирано производство, поради ниските производни капацитети, а прогнозираните Huawei нарачки можат да бидат помеѓу пет и десет милиони дисплеи во текот на 2020. година.
Visionox, покрај Huawei, ги снабдува со дисплеј панели и другите производители на телефони, а екраните на компанијата се наоѓаат на Xiaomi Mi Mix Alpha и Mi Note 10 моделите.
Поврзани артикли