Новата студија што ја спроведоа поголемите пензиски фондови индицира дека оние што се пензионираат на возраст од 65 години често умираат во следните две години.
Замислете да работите најдолго што е можно, до самата законска граница кога треба да одите во пензија за да се осигурите дека имате доволно финансии за пензија, за потоа, по да починете две години по заминувањето во пензија.
Новата студија што ја спроведоа поголемите пензиски фондови индицира дека оние што се пензионираат на возраст од 65 години често умираат во следните две години.
Некои доктори дадоа докази за врската помеѓу одењето во пензија и долготрајноста на животот. Истражувањето се базира на бројот на чекови испратени на пензионерите од „Боинг“. Нивното искуство е такво што вработените кои се пензионираат во 65-тата година, чекови добиваат во наредните 18 месеци, во просек, пред смртта. До сличен заклучок дошла и компанијата „Локхид Мартин“, каде што во просек добиваат чекови само 17 месеци. Слична е статистиката и од „Форд“ и „Бел Лабс“.
Се смета дека оние што одат подоцна во пензија (околу 65-тата година) премногу се изложуваат на стрес и нивните остарени тела и умови премногу патат, па развиваат низа здравствени проблеми. Поради тоа, умираат во период од две години по пензионирањето. Дополнително шокантен е статистичкиот податок дека оние што одат во пензија порано, на пример, на возраст од 55 години, во неа уживаат повеќе од 25 години. Имаат помалку стрес и го испланирале животот.
Заклучокот од целото истражување е дека сите треба да ги планираме нашите кариери за да можеме да се пензионираме и да бидеме финансиски независни што е можно порано. Тоа ќе ви обезбеди подолг, посреќен и подобар период во пензија и над 80 години.
Не треба да се исклучите и да не работите ништо кога ќе одите во пензија. И понатаму можете да работите на интересни активности, но со темпо што вам ви одговара.
Извор: Express.hr