Елон Маск има план да направи тунели под големите градови. Оваа идеја бавно напредува, но сопственикот на Tesla останува посветен на планот.
„Супербезбедни, отпорни на земјотреси, тунелите под големите градови би го решиле проблемот со сообраќајниот метеж“, вака Маск ја опиша неговата идеја.
Тој направи анкета на оваа тема, со одговори „дефинитивно“, „можеби“ и „не, сакам метеж“, во која учествуваа речиси 1,5 милион луѓе.
Build super safe, Earthquake-proof tunnels under cities to solve traffic
— Elon Musk (@elonmusk) December 28, 2019
Маск дополнително објасни дека тунелите ќе бидат наменети само за електрични возила бидејќи клучно е да нема испуштање на токсични гасови во тунелите.
The Boring Company Loop system pic.twitter.com/xVpDHzZKXB
— The Boring Company (@boringcompany) December 19, 2018
Маск веќе гради еден тунел во Лас Вегас кој планира да го заврши следната година, во кој автономни возила ќе пренесуваат возила со брзина од 250 км/ч.
Извор: B92.net
Поврзани артикли