Забележан е необичен патент на компанијата Apple. Извештај на сајтот LetsGoDigital укажува на нови скици за патент, заедно со нацрти на уредот за да му се даде контекст на патентот. Патентот укажува на нов уред на Apple, кој изгледа како iPhone, но му недостасуваат неколку битни детали кои ги има актуелниот iPhone 11 Pro.
Според скиците, уредот има правоаголен облик на дисплејот со четвртести рабови, нема ни Face ID, ниту засек, нема предна камера, но има копче за вклучување, копчиња за звук и прекинувач за физички известуавња, како iPhone. Под копчето за вклучување делува како да се наоѓа и слот за SIM картичка.
Извештајот сугерира дека во прашање е нов iPhone дизајн за 2020. година, а се споменува дека уредот би можел да има предна камера која е сместена под екранот, како и сензор за отпечатоци од прсти во дисплејот.
Сепак, според описот од патентот, може да се заклучи дека скиците кои го следат патентниот материјал не се конкретен претставник на новиот iPhone на Apple и би можеле да се однесуваат на некој друг производ на Apple, со оглед на тоа дека во описот стои „делумен патент“.
Првата можност е дека во прашање е надграден iPod Touch, кој е заснован на дизајнот на актуелните iPhone уреди. Меѓутоа, бидејќи Apple го освежи iPod Touch во мај, не се очекува нова измена на дизајнот на овој уред.
Втората можност е дека во прашање е поевтин дисплеј за необјавената евтина линија на iPhone модели. Претходно веќе се појавија гласини за тоа дека Apple за 2020. година планира објавата на наследник на iPhone SE, но не е сигурно дека овој патент ќе биде поврзан со таа објава.
Моментните гласини споменуваат дека 2020 iPhone линијата ќе има четири модели: два со 6,1-инчни дисплеи, еден со 5,4-инчи и еден голем 6,7-инчен iPhone. Се очекува дека сите телефони ќе имаат 5G поддршка и нова технологија на стабилизација на сензорите на камерата.