Apple има репутација да креира производи кои се стилски совршено направени, со елегантни хардверски и софтверски решенија. За Microsoft тоа баш и не би можело да се каже. Затоа концепт креаторот, Камер Каан Авдан се запрaшал како би изгледал Windows 10, доколку по некоја случајност би го создал Apple.
Како што би можело да се очекува, концептот прикажува „испеглан“ Windows, кој според визијата на дизајнерот претставува некој вид на хибрид меѓу Windows и macOS. Тој го измени Start менито, а додаде и Menu Bar на врвот на екранот. Измените ги направи во File Explorer, кому му додаде некои нови опции (AirDrop и iCloud). Секако, тука е и iMessage за Windows, а наместо Edge, како стандарден браузер се појавува Safari. Action Center е редизајниран и додадени му се Control Center искони над нотификациите. На Windows му е додаден, моментно многу популарниот Dark Mode, динамички wallpaper позадини, а предвидена е и можност за отклучување на компјутерот со користење на iPhone. Секако, направени се и многу други измени од визуелна, но и конкретна природа на употреба.
Концептот дефинитивно воведува подобрувања во многу сфери на постоечкиот Windows. Очигледно е дека дизајнерот се водел од премисата на Apple дека се мора да биде едноставно, интуитивно и флуидно. Секако, сето ова е во доменот на слободата на изразување и не е реално да се очекува било што од ова да се појави во некоја од следните верзии на Windows, но мора да се признае, вистинско освежување е да се види една малку поинаква визија на познатиот оперативен систем.