Во 2020 година роботите нема да ја преземат улогата на луѓето, но ќе биде зголемена зависноста на човекот од вештачката интелигенција, а особено во компаниите, во кои ќе има курсеви за едукација на вработените за комуникација со висока технологија.
Експертите за вештачка интелигенција најавуваат воведување на „гласовен асистент“ кој ќе им помага на шефовите на одреден сектор во компаниите, ќе собира информации за нив и ќе им пренесува алтернативни планови.
Возилата без возачи ќе бидат уште поприсутни на патиштата, а често возачите зад воланот ќе читаат книги додека автопилотот ќе вози.
Од наредната година здравствените податоци ќе бидат во поголема употреба за поширокиот развој на вештачката интелигенција. Исто така, во 2020 година вештачката интелигенција сè повеќе ќе донесува одлуки во големите компании и организации.
Со цел да се спречат манипулациите, компаниите ќе мора да посветат посебно внимание на процесот на донесување одлуки, а технологијата ќе почне да донесува одлуки за најважните деловни проблеми.
Извор: N1info