Новите истражувања покажуваат дека дури и кога нас сништата ни се застрашувачки и вознемирувачки, тоа може да делува како “ноќна терапија”, бидејќи го подготвуваат нашиот мозок подобро да се носи со стравот.
Со мапирање на активностите на човековиот мозок за време на спиењето се добиваат резултати кои одат во прилог на идејата дека лошите настани додека сонуваме не подготвуваат за реалните настани. Истражувачите откриле дека оние кои имале многу лоши соништа, на тој начин полесно се ослободуваат од стравот во будна состојба, пишува „Science Alert“.
“Прв пат пронајдовме невронски врски со стравот кога сонуваме и забележавме дека во мозокот се активираат слични региони како кога доживуваме страв и во состојба на спиење и во будна состојба”, вели научникот Лампрос Перогмврос од Женевскиот универзитет.
Човековиот сон и натаму е мистерија, но секој што ќе се разбуди облеан со пот, знае од лично искуство дека расположението и сонот се тесно поврзани. Слично како кога сме будни, ние доживуваме емоции во сон, а тоа може да влијае и на тоа како се чувствуваме кога ќе се разбудиме.
Денес се мисли дека РЕМ фазата на сонот некако ги стабилизира нашите негативни емоции и сеќавања, но дали таа емоција ќе влезе во нашите сништа е друга работа.
Извор: B92.net
Поврзани артикли