Предвидено е дека WhatsApp ја тестира новата функција „Disappearing Messages“, која автоматски ќе ги отстранува пораките по одредено време. Првобитно оваа функција е забележана во ажурирањето на WhatsApp Beta 2.19.275 за Android. Се очекуваше дека ќе биде достапна и за групен и за поединечен чет.
Во последната Beta верзија за Android, WhatsApp ја измени оваа функција, додавајќи нови временски опции, а самата функција е преименувана во „Delete messages“.
Покрај тоа, изгледа дека сега плановите се променети, па „Delete messages“функцијата ќе биде можна само за групни четвови, пишува сајтот 91mobiles.
Со оглед на тоа дека допишувањето во WhatsApp групите зазема доста простор на уредот, има смисла да се избришат старите порако и така да се исчисти меморијата од непотребни работи. Со помош на оваа функција, администраторите на групните четови сега можат да изберат одредено време на траење на пораките, а откако ќе истече времето, пораките автоматски се бришат.
За жал, се уште нема информации во врска со Dark mode за WhatsApp.