Huawei планира својата линија смартфони Nova да ја претвори во нов бренд, како што тоа го направи со Honor, со што компанијата под своја закрила би имала два подбренда. Според наводите на популарниот кинески дојавувач Digital Chat Station, Huawei Nova серијата ќе стане независна и ќе објавува паметни часовници и безжични слушалки.
Huawei и Honor веќе објавуваат свои паметни часовници и безжични слушалки, а со Nova подбрендот се очекува покриеност на различните сегменти на пазарот и распони на цени. Huawei воглавно цели на премиум корисниците, додека Honor во понудата има уреди од понискиот сегмент. Со брендот Nova, Huawei би можел да ја пополни празнината помеѓу долниот и премиум сегментот. Nova серијата телефони вообичаено пристигнува со цена од средната класа и посебно е популарна во категоријата под 400 долари.
Постоечката конкуренција за актуелните и идни Nova уреди ги вклучува Realme и Redmi, а посебнo Redmi брендот, кој веќе има значајно портфолио уреди, кој вклучува слушалки, паметни часовници и LED телевизори. Realme, исто така, планира да нуди слушалки и паметни часовници, како и VOOC power bank полначи.
Поврзани артикли