Невидливата „тетоважа“ е патент изработен од полупроводни мали кристали кои ја рефлектираат светлината и сјаат под инфрацрвена светлина. Патентот ќе биде инјектиран заедно со вакцината со високо-технолошки микроигли.
Истражувачите на тој начин ќе ги следат луѓето и ќе знаат дали биле вакцинирани. Микроиглите ќе оставаат белег од мастило, кое е видливо под инфрацрвени зраци.
„Во областите каде што картоните за вакцинација често се губат или воопшто не постојат, електронската база на податоци е напредок. Оваа технологија може да обезбеди брза и анонимна заштита за историјата на вакцинирањето на пациентите. Така ќе бидеме сигурни дека секое дете е вакцинирано“, рече научникот Кевин Мекхју.
Bill Gates wants to tattoo vaccine records onto people by injecting a QR code under the skin with "invisible" nanoparticles.
Everyone okay with that?
Because that's not dystopian at all. https://t.co/syE8qMTfxF— EileenIorio (@eileeniorio) December 19, 2019
Истражувањето го финансирала фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, организација која се бори против искоренување на детската парализа и сипаници ширум светот, пред се со вакцинација.
Научниците веќе го испробале патентот и утврдиле дека жигот на стаорците останува видлив девет месеци по инјекцијата, додека на човечките тела останува пет години.
Можно е овој пристап да создаде нова база на податоци во иднина, особено во неразвиените земји“, вели истражувачот Роберт Лангер.
Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс” претходно била критикувана за нивниот проект за вакцинација во 2009 година во Индија.
Извор: B92.net