Извршниот директор на компанијата Tesla, Елон Маск, неодамна изврши инспекција на сопствената страница на Wikipedia, при што пронајде одредени пропусти кои набрзо по неговата реакција беа избришани.
Подоцна на својот Twitter профил напиша дека со години не ја проверувал страницата која „собира“ информации за него, а меѓу грешките го нашол и податокот кој тврди дека Маск е инвеститор ,по што напишал дека тоа не е точно и дека доколку Tesla и Space X банкнотираат, заедно со нив без пари ќе остане и тој. Така објасни дека поголемиот дел од неговото богатство е засновано од овие две компании.
Кога еден корисник на Twitter го запраша како Tesla не се смета за инвестиција, Маск му објасни дека станува збор за компани чиј основач е тој и дека средствата се движат од Tesla до Space X, така што сè што има вложува таму. Во пракса ова значи дека Маск располага со голем дел од компаниите кои ги основал, но дека не вложува пари во истите.
Just looked at my wiki for 1st time in years. It’s insane! Btw, can someone please delete “investor”. I do basically zero investing.
— Elon Musk (@elonmusk) December 22, 2019
Страницата набрзо потоа била ажурирана, па терминот инвеститор е заменет е со „бизнис магнет“, бидејќи Маск повеќе пати кажал дека сака да биде запомнет како таков.
Извор: PC Press.rs