Western Digital во текот на септември прв пат навести нови хард дискови од висок капацитет, кои ги вклучуваат и 20TB Ultrastar DC HC650 SMR и 18TB Ultrastar DC HC550 CMR моделите. Споменатите хард дискови ја користат првата имплементација на компанијата на магнетно снимање на платформа со девет дискови, за да се овозможи поефикасно пренесување податоци во опкружувања со центри на податоци.
Хард дисковите со висок капацитет станаа главен начин на ефикасно складирање на податоци во различен спектар на апликации. Новите 18TB и 20TB Ultrastar HDD на Western Digital им овозможуваат на корисниците да применат до 22 проценти помалку слотови и намалување на TCO до 11 проценти. Ова исто така значи и намалување на потрошувачката на енергија, намалување на трошоците за ладење и намалување на инфраструктурата на центрите за податоци во споредба со денешните 14TB CMR хард дискови.
Western Digital почна со испорака на примероци на 20TB Ultrastar DC HC650 SMR и 18TB DC HC550 CMR хард дискови, додека масовната испорака се очекува во текот на првата половина на 2020. година.