Досега се појавија доста гласини за претстојниот Samsung Galaxy Fold 2 флексибилен телефон, а најновите информации се однесуваат на свитливиот дисплеј на уредот.
Актуелниот Galaxy Fold, како и конкурентските Huawei Mate X и Motorola Razr, користат флексибилен пластичен екран. Иако пластиката овозможува дисплејот да се свиткува, таа исто така е подложна гребење и помалку е издржлива од стаклото. Samsung, меѓутоа, со Galaxy Fold 2 би можел да почне да користи „ултра-тенок стаклен слој“, според наводите на дојавувачот Ice Universe.
Не само што ова стакло би било поиздржливо, туку Ice Universe тврди дека би изгледало и порамно кога ќе се расклопи телефонот (без набори кои можат да се видат на Galaxy Fold и Mate X моделите).
Засега не е можно да се потврди веродостојноста на наводите и информациите до кои стигнал Ice Universe, но потребно е да истакне дека Samsung поднел барање за заштита на името на споменатата технологија, која компанијата ја нарекува Samsung Ultra Thin Glass.
Претходните извештаи сугерираа дека Galaxy Fold 2 ќе биде претставен заедно со Galaxy S11 линијата кон средината на февруари следната година.