Минатата недела се појавија рендери на претстојните Huawei P40 и P40 Pro смартфони, кои би требало да бидат претставени кон крајот на март следната година. Од рендерите дознавме дека Huawei P40 Pro ќе има единствен „четирикратно закривен“ OLED панел, со дијагонала од околу 6,5 или 6,7 инчи.
Сега дојавувачот @RODENT950 објави информација дека овој дисплеј ќе може да поддржува освежување од 90Hz. Тоа Huawei P40 Pro ќе го смести во ранг со OnePlus 7T Pro и Google Pixel 4 моделите.
Покрај подобреното освежување на екранот, неодамнешните гласини сугерираа и дека Huawei P40 Pro ќе има поддршка за 10X оптички зум, што телефонот сигурно ќе го направи еден од најинтересните уреди во следната година.
Поврзани артикли