Една од најкорисните апликации на вашиот паметен телефон е Google Translate. Денес речиси и не е важно дали знаете некој јазик затоа што Google ќе се погрижи да нема недоразбирање.
Досега за користење на Google Translate беше потребно да се има интернет врска. Со новата верзија на апликацијата повеќето јазици стануваат достапни и офлајн.
Повеќе не мора да стравувате поради високите сметки за мобилен интернет кога патувате надвор од ЕУ доколку сакате нешто да преведете.
Доволно е да ја стартувате апликацијата Google Translate додека сè уште сте дома, на листата да го најдете јазикот од кој сакате да преведувате, да го изберете и кликнете на иконата „преземи“ (download). За неколку секунди базата ќе биде на вашиот уред и ќе можете без интернет да ја користите апликацијата за превод.
Од Google истакнуваат дека моментално се достапни 59 јазици во „офлајн режимот“, а точноста им е подобрена за 12 отсто. Сепак, пред да отпатувате на вашата следна дестинација проверете на страницата на Google дали јазикот што ви е потребен е достапен офлајн.
Сепак, „офлајн“ верзијата на Google Translate има некои ограничувања. Апликацијата поддржува многу помалку јазични пакувања и речници од веб-базираниот преведувач.
Важно е да се напомене дека опцијата е достапна само за апликацијата за паметни телефони.