Во текот на август, Chicago Tribune спроведе тест кој сугерира дека Apple и Samsung телефоните ги надминуваат нивоата на радијација, кои се пропишани за електронските уреди. Ова доведе до тоа неодамна против двете компании да бидат поднесени пријави, а истовремено FCC одлучи да ја испита настанатата ситуација.
Заклучокот е дека уредите креирани од Apple и Samsung се безбедни и во рамките на пропишаните нивоа на радијација, кои ги определи FCC. Ова е објавено и во неодамнешниот твит на Bloomberg.
Apple претходно објави официјално соопштение во кое компанијата истакнува дека сите iPhone модели, вклучувајќи го и iPhone 7, во целост се сертификувани од FCC и во сите други земји каде што се продава iPhone. Компанија, исто така, истакнува дека во целост ги исполнува сите насоки и лимити кои се пропишани, што сега и официјално е потврдено.