Американскиот производител на бела техника Whirlpool повлекува половина милион машини за перење од пазарот во Велика Британија поради потенцијален ризик од пожар, соопшти компанијата.
Кај 519.000 машини за перење алишта, продадени меѓу октомври 2014 и февруари 2018 година, откриена е фабричка грешка. Утврдено е дека доаѓа до блокада на вратата, односно капакот, што може да предизвика прегревање и можно запалување на уредот.
„Кога се активираат грејачите во машината, тоа исто така предизвикува автоматско заклучување на вратата. Во некои случаи може да дојде до поврзан дефект и осигурувачот нема да го исклучи целиот систем, така што постои можност да дојде до пожар“, објасниле од Whirlpool, а пренесе „Индипендент“.
Истото предупредување се однесува на сопствениците на брендовите Hotpoint и Indesit, кои исто така се делумно во сопственост на американската компанија.
Од Whirlpool порачаа дека сите клиенти што припаѓаат во ризичната група од јануари следната година може да ги заменат своите уреди без никаков надоместок, пренесуваат британските медиуми.
Поврзани артикли