Забраната за соработка со американски компании, која на Huawei му ја наметна американската администрација, во голема мерка влијаеше на стратегијата и потезите на кинеската компанија. Во извештајот на Economic Times се наведува дека Huawei е многу посветен на соработката со индиските програмери за создавање на свои алтернативи за најпопуларните апликации на Google.
Главниот извршен директор на Huawei и Honor India дивизијата во интервју истакна: „Имаме сопствен HMS и пробуваме да создадеме мобилен екосистем. Поголем дел од клучните апликации, како навигацијата, плаќањето и испраќањето пораки ќе бидат подготвени до крајот на декември“.
Системот на апликации на Google е огромен – Google Play Games, Google Maps, Gmail, Google Pay, YouTube и Google Play Store се секако апликации за кои Huawei сака да креира алтернативи. На кинеската компанија ова и е потребно за да ги задоволи потребите на корисниците на паметни телефони.
Подбрендот Honor на Huawei во моментов е во преговори со програмерите на најдобрите 150 апликации од Индија за нивно уфрлање во Huawei App Gallery (алтернатива за Google Play Store).