Google и Apple ја отстранија апликацијата за допишување ToTok од Емиратите, поради тврдењата дека се користи за шпионирање од страна на државата.
Не би требало да се меша оваа апликација со кинескиот TikTok. ToTok се рекламира себе како едноставен и сигурен начин да ги испраќате вашите пораки и видеа. Меѓутоа, NewYork Times извести дека оваа апликација, слична на WhatsApp е всушност шпионска алатка, која ја користи владата на Обединетите Арапски Емирати. ToTok ги извести своите корисници дека апликацијата наскоро ќе се врати во онлајн продавниците.
На својот блог, компанијата објави дека услугата е „моментно недостапна“ на Apple App Store и Google Play Store поради „технички проблеми“. Според американските официјални лица кои му беа извори на NYT, ToTok им давал на шпионите од УАЕ пристап до разговорите, движењето и другите приватни информации за граѓаните, како фотографиите. Google по овие информации, за еден или два дена ја отстрани апликацијата од својата продавница. Меѓутоа, оние корисници кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата, можат да продолжат да ја користат. Пред да биде отстранета оваа апликација, само од Android продавницата беше преземена пет милиони пати.