Американската сојузна држава Њу Џерси, на крајбрежјето на Атлантскиот океан се обидува да се избори со климатските промени, со постепена евакуација на жителите “како бавен филм“, но со стабилно темпо и организирано.
Жителите со солзи во очите ги гледаат своите домови во кои живееле половина век, градежниците ги рушат за што граѓаните добиваат државно обесштетување.
Државата рушила 145 куќи од 2013-та година во градот Вудбриџ, а осум се срушени овој месец. Десеттина куќи се означени за рушење во наредните месеци.
Тоа е дел од напорите со борбата против глобалното загревање и затоплување на климата. Се предвидува дека во тој град повеќе од 100.000 жители ќе бидат целосно под вода во наредните децении затоа што на крајбрежјето на Њу Џерси како и некои градови ширум светот се подигнува нивото на водата во океанот и таа полека се движи кон внатрешноста.
„Вообичено кога ќе помислиме на катастрофа, мислиме на некое силно невреме или пак див пожар“ – изјавила професорката по биологија на Универзитетот – Рутгерс Брук Масло.
„И климатските промени се катастрофални, но се случуваат бавно“ – изјавила таа.
Бидејќи куќите во тој дел од Њу Џерси се разрушени, таа истакнала дека во тоа подрачје би можело да се изгради “шума против поплави“ од издржливи, локални, автохтони дрвја, грмушки и трева.
Извор: B92.net