„Нема потреба кандидатите за работа во ‘Тесла’ да имаат факултетско образование, па дури ни диплома од средно училиште“, одговорил Маск на прашањето кои клучни зборови ги бара во апликациите на кандидатите за работа.
Извршниот директор на „Тесла“ исто така вели дека ако некој завршил добар факултет, тоа може да биде показател за успех, но не секогаш. Тој ги зема како пример Бил Гејтс, Лери Елисон и Стив Џобс и шегувајќи се вели: „Овие момци не дипломираа, но ако имавте шанса да ги вработите – тоа ќе беше паметна одлука“.
Маск посочува дека кај потенцијалниот работник му е важна извонредната способност што ја поседува, односно она што го издвојува од другите.
Кога ги интервјуирал кандидатите, тој го барал резимето на нивните кариери, како и да опишат како ги решавале најтешките проблеми со кои се соочиле. За да биде сигурен дека нема да се фалат со достигнувањата на некој друг, Маск ги испитувал темелно, така што само оние што навистина се наоѓале во предизвикувачка ситуација можеле да одговорат на прашањата.