Во текот на октомври, 5G верзијата на Samsung Galaxy Tab S6 таблетот доби Bluetooth SIG и Wi-Fi Alliance сертификати. Листинзите потврдија дека Galaxy Tab S6 5G има број на модел SM-T866N, како и дека ова ќе биде првиот таблет со 5G поддршка. Претходно овој месец, таблетот доби битен сертификат во Јужна Кореја, што сугерира дека до крајот на месецот би можел да биде објавен. Се појави и официјалната промо страница за Galaxy Tab S6 5G.
Изворот открива дека јужнокорејската компанија има промотивна акција за оние што ќе ги купат таблет уредите на компанијата (вклучувајќи го и Galaxy Tab S6), помеѓу 20. декември и 3. јануари.
Кога се во прашање спецификациите, Samsung Galaxy Tab S6 5G би можел да ги позајми сите карактеристики од 4G LTE моделот, а единствена разлика би била имплементацијата на 5G модем. Galaxy Tab S6 има 10.5-инчен AMOLED дисплеј со HD+ резолуција (1600 x 2560p), го покренува Snapdragon 855 чип, има до 8GB RAM и до 256GB простор за складирање.
На задната страна на таблетот се наоѓа 13MP kamera, додека на предниот дел е сместена 5MP селфи камера.Сензорот за отисоци од прсти е сместен под дисплејот. Таблетот го напојува 7040mAh батерија со поддршка за 15W брзо полнење.
Некои извештаи сугерираат дека Galaxy Tab S10 5G ќе има 10.3-инчен екран и 7300mAh батерија.